Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Владата ќе го плати долгот за струја на државните институции кон ЕВН

/

пред 1408 дена

Сподели преку :

Долговите за неплатена струја на државните институции кон ЕВН ќе ги покрие владата, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

„Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции“, рече премиерот Ковачевски.

ЕВН им даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.