Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски, Заев и цела влада на роденденската забава на ДУИ

/

пред 1582 дена

Сподели преку :

Во бели кошули и патики, на рок журка во паркот во Чаир, речиси цела актуелна влада денеска го славеше 20-от роденден на ДУИ. Премиерот не се оддели од Али Ахмети, а таму беа и Грковска, Стојчевска, Спасовски, Битиќи, Лукаревска,  како и сите министри од ДУИ.

На забавата пристигна и поранешниот премиер, Зоран Заев, во придружба на екс министерот, Венко Филипче и екс градоначалникот Петре Шилегов.

Пред да ја пресече роденденската торта, Ахмети одржа говор во кој, како достигнувања на партијата од основањето до денеска, ги наброја целосното интегрирање во највисоките раководни позиции во државните институции, за десет пати зголемениот број на рамковни вработувања, консензуалните кандидати на изборите, Рамковниот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство.

Овие договори, рече се црвена линија  од која нема назад и кој сака да коалицира со ДУИ, мора да ги поддржува.

Најави и дека партијата нема намера предвреме да го заврши овој мандат на власт.

Ахмети во говорот не пропушти да го спомне и Косово, велејќи дека не е само билатерален проблем, туку и прашање на мир и стабилност. Затоа, вели, заедничкото признавање со Србија е нужно и неизбежно.

Со денешната журка, ДУИ ја заокружи тридневната прослава на 20 годишниот јубилеј, проследена со концерти во Скопје и Тетово, за што опозицијата реагираше дека ќе потрошат над 100 илјади евра во време на криза.

Иако беа поканети, никој од опозицијата не присуствуваше на прославата.

Далиборка Демјанска Цветановска