Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачки: Директорот на АНБ, дал позитивно мислење на проверка за државјанството на лице на црна листа на САД, не заслужува да биде амбасадор

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Директорот на АНБ, Виктор Димовски не заслужува да биде амбасадор во Франција. Последниот скандал со изработка на позитивна проверка за лице за добивање државјанство, а кое било барано со потерница и е ставено на црна листа на стратешкиот сојузник – САД, само потврдува дека АНБ е во целосен нокаут, реагира Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ.

Тој додава дека по скандалите што се случија во Агенцијата за национална безбедност, Димовски МНР го предложи за Амбасадор во Франција, но ваквата одлука мора да има преиспита и истата да биде повлечена.

Според Ковачки мора да се стави крај на наградувањето на структурите кои работат исклучиво за партиски интереси, а на штета на националниот углед.

Доколку МНР не ја повлече одлуката за номинирање на се’ уште актуелниот директор на АНБ за амбасадор во Франција, на потег ќе биде претседателот Пендаровски, вели Ковачки.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, вчера реагираше и опозициската Алијанса за Албанците која побара Владата веднаш да ја преиспита одлуката за доделување на државјанство.

Реакцијата следува откако вчера „Призма“ објави дека украинскиот политичар Олександр Онишченко во мај годинава добил македонско државјанство, иако се наоѓа на листата на санкционирани личности од САД, на која е ставен во јануари 2021 година, поради тоа што е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори.