Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крај на владата на Шолц – гласање на недоверба на 16 декември, потврди германскиот канцелар

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека ќе поднесе барање за гласање на (не)доверба на неговата влада што ќе се одржи на 16 декември. Со тоа се отвора пат кон одржување на вонредни парламентарни избори на 23 февруари во 2025 година, како што беше и претходно најавено.

„Ајде, заради доброто на земјата, да работиме заедно до изборите“, апелираше тој до пратениците во говорот пред Бундестагот, пренесува „Гардијан“.

Тој, исто така, инсистира владата да продолжи со работа, иако има малцинство по заминувањето на пратениците на Слободната демократска партија (ФДП).

Шолц за време на говорот нагласи оти ќе му биде потребна поддршка од опозициската Демохристијанска унија (ЦДУ) за да ги истера преостанатите реформи пред распуштање на парламентот.

Владеачката „семафор коалиција“ во Германија се распадна минатата недела, откако Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од ФДП поради спор околу економските реформи.