Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крајната десница во Австрија не успеа да формира влада

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Лидерот на крајно десничарска Слободарска партија, Херберт Кикл се откажа од мандатот за составување на нова австриска влада откако пропадна обидот за нова коалиција со конзервативците кои претходно ја водеа владата во Виена. Кикл веднаш побара нови избори, а таа идеја му ја претставил на претседателот на Австрија Александар ван дер Белен.

Двете партии не се договорија за поделба на министерствата, а најмногу борба имало за тоа која партија ќе го даде новиот министер за внатрешни работи.

Кикл вината ја насочи кон конзервативната АНП, додека од таму го обвинија Кикл дека е „опиен од моќта“ и „бескомпромисен”.

Партија на Кикл, СПА победи на ланските парламентарни избори во Австрија со освоени 57 пратенички мандати. Или 6 повеќе од предходната владеачка партија АНП. Откако беше најавена влада на крајната десница со конзервативците, во Австрија имаше големи протести против новата коалиција.

Ова е втор неуспешен обид за формирање на влада. Австрискиот претседател ван дер Белен најави 4 можни сценарија.

Покрај нови избори, во игра се и формирање малцинска влада или експертска влада или нов рок за да може партиите да се договорат.

Мартин Трајчевски