Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ: Виткоф и Кушнер наскоро во Москва на разговори за крај на војната во Украина

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Кремљ очекува брзо продолжување на американското медијаторство за завршување на војната во Украина по тридневно примирје, изјави Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин задолжен за преговорите, пренесе агенцијата ДПА.

Ушаков најави дека специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „наскоро“ ќе пристигнат во Москва, без да прецизира конкретен датум.

„Порано или подоцна, мислам дека набрзо, нашите колеги Стив Виткоф и Кушнер ќе пристигнат во Москва. Ќе го продолжиме дијалогот со нив“, рече Ушаков.

Тој посочи дека примирјето, кое е во сила до понеделник, е договорено во телефонски разговори со САД кои, како што наведе, не биле лесни.

„Договорот беше постигнат во текот на тешки преговори. Два дена водевме телефонски разговори со нашите американски колеги, додека Американците беа во контакт со Киев. Сето ова не беше лесно“, изјави Ушаков.

Ушаков повтори дека Русија е подготвена да ја заврши војната ако Украина се повлече од регионот Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано го отфрла ова барање на Русија, а руските сили досега не успеаја да ги освојат стратешки важните градови Краматорск и Славјанск во Донецк, кои Украина ги смета за клучни за заштита на приодите кон Киев.