Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана за здравство, во игра и Труд и социјала и УЈП?!

/

пред 1354 дена

Сподели преку :

Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство. Ова, како што дознава Телма, е договорено денеска меѓу новите коалициони партнери во власта. Трета клучна функција што ќе ја добие Алијанса за Албанците, најверојатно е заменик министер во труд и социјала. Лога е актуелен член на ДИК, а Цана е инфектолог на Инфективната клиника.

СДСМ најверојатно ќе го отстапи и директорското место во УЈП. Од оваа партија, која го отстапува и министерството за правда,  сметаат дека не губат ништо, затоа што отстапки ќе направат и помалите коалициони партнери, кои ќе дадат позиции за СДСМ, а за таа сметка ќе добијат вработувања. Како што дознаваме, Алтернатива, освен Министерството за здравство, не отстапуваат директорски позиции.

МЕПСО останува кај Албанците, но не кај ДУИ, туку кај Алтернатива или Алијанса, зависно од договорот.

Таравари, покрај УЈП, бара позиции и во Царина, финансиската полиција, МВР, инспекциите. Не е нужно сегде да се директорски позиции,може и од пониските ешалони.

Секторските директорски места нема да се менуваат партиски, туку е можна смена на раководните лица. Се очекуваат многу рокади, во повеќе сектори.

Денеска е клучен ден за преговорите, на кои интензивно работат комисиите на СДСМ и Алијанса за Албанците. Се разговара за целиот пакет, во сите ресори, на сите нивоа.

Епилогот, кој се очекува да бидe соопштен утре, по средба меѓу Ковачевски и Таравари, ќе зависи од успехот на денешните раговори.

Далиборка Демјанска Цветановска