Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Криминално помирување заврши со престрелка во Чаир

/

пред 822 дена

Сподели преку :

Средба за помирување меѓу две семејства во скопски Чаир, доцна синоќа заврши со меѓусебна престрелка.

Во инцидентот според првичните информации има неколкумина ранети. Информацијата ја објави ТВ21, а наводно, според сознанија на Фокус меѓу ранетите во пукањето е и син на сопственик на чајџилница во трговскиот центар „Чаирчанка“.

Лицето кое пукало пак неофицијално е жител на населбата Ченто. Инцидентот го пријавил ѓраѓанин кој слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на местото на пресметката имало траги од крв.

Приведено е едно лице, додека ранетиот е итно е пренесен во операциона сала за да му бидат санирани повредите. Надлежното обвинителство и МВР денеска треба да соопштат повеќе детали за случајот.