Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривичeн го одобри едниот обвинителен акт за случајот поврзан со Онкологија- другиот за економското работење се оценува

/

пред 495 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд го одобри едниот обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија. Обвинети се екс медицинскиот директор Нино Васев и уште тројца други онколози за несовесно лекување болни и тешки дела против здравјето на луѓето.

Со медицинските вештачења во Словенија беше утврдено дека 29 болни од канцер биле несоодветно лекувани со што им се влошувало здравјето.

Други онколошки пациенти пак добивале од скапата биолошка терапија во палијативна фаза кога воопшто не можела да им помогне.

Другиот обвинителен акт за економското работење на клиниката во кој исто така е обвинет Васев, како и поранешниот организацискиот директор Нухи за злоупотреба, измама и проневера во службата се уште е во фаза на оценка.

Истрагата покажала дека девет болни со канцер само на хартија добивале добивале дел од лековите.

Каде завршувал вишокот теарпија истрагата не утврдила.