Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава против градоначалникот на Крива Паланка

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против актуелниот градоначалник на Крива Паланка и двајца општински службеници, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите од полицијата, службеник во општината, незаконски издал решение за промена на инвеститор и покрај тоа што одобрението за градење било веќе истечено.

Друго лице, раководителка на Одделението за урбанизам, не извршило должен надзор и го потпишала решението како важечко, со што му овозможила на инвеститорот да продолжи со градба без валидна дозвола.

Како третопријавен е наведен и градоначалникот, кој без соодветна проверка го одобрил истото решение со свој потпис и печат на општината. Предметот е проследен до надлежното обвинителство.