Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава против три лица кои брутално претепаа бездомно куче

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Тројца осомничени се под истрага за бруталното претепување на бездомното куче Феликс во индустриската зона Момин Поток.

Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста по објавувањето на снимка на која се гледа како кучето безмилосно е претепано со метална шипка.

Кучето, кое подоцна беше хоспитализирано, угина во стационарот на ЈП „Лајка“.

Кривична пријава е поднесена за кривичното дело „мачење животни“, за кое се предвидени казни до шест месеци затвор.