Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за помошничка на министерот во Центарот за обука на МВР за оштетување на буџетот за 3000 евра

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената С.Т. на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул.
Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.
Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.