Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривични пријави против двајца скопјани за нелегално поседување оружје и муниција

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против двајца скопјани, И.Х. (33) и С.А. (23), поради сомнение за неовластено поседување и тргување со огнено оружје и муниција.

Двајцата се товарат за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес на 15 јули во домот на И.Х., биле пронајдени и одземени полуавтоматски пиштол „Црвена застава М57“, рамки со куршуми калибар 7,62x25mm и муниција од тип 7,62x39mm и 7,65mm.

Четири дена подоцна, на 19 јули, при претрес во домот на С.А. бил пронајден полуавтоматски пиштол „Reximex TRX9“, 36 куршуми калибар 9mm и други алатки и додатоци за оружје.

На двајцата осомничени им е одредена мерка притвор од 30 дена од страна на Судија за претходна постапка.

Истражните органи продолжуваат со утврдување на потеклото и намената на оружјето.