Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

/

пред 465 дена

Сподели преку :

Вербална расправија меѓу двајца тезгаџии  во Новиот пазар во Битола ескалираше во обид за убиство. Инцидентот се случил вчера во утринските часови, кога  пазарџиите, на возраст од 70 и 55 години, се скарале околу местоположбата на тезгите.

Според информациите, помладиот физички го нападнал повозрасниот, кој подоцна го пријавил случајот во полиција. Кратко потоа, на пазарот пристигнал 42-годишниот син на повозрасниот пазарџија и му пришол од зад грб на 55-годишникот, додека овој редел роба на својата тезга.

Со кујнски нож му задал два убода, во грбот и во пределот на слабината, обидувајќи се да го лиши од живот.

Присутни пазарџии и купувачи реагирале веднаш, а две лица успеале да го совладаат напаѓачот, кој потоа бил приведен.

  • „Јас кога дојдов, се веќе беше завршено. Доаѓам околу 8:30-9:00 часот. Го знам едниот тезгаџија. Немало претходно расправии меѓу нив“, раскажува еден од пазарџиите.

Иако денеска атмосферата на пазарот беше тивка, чувството на вознемиреност беше присутно, а пазарџиите не сакаа многу да зборуваат за настанот.

Настанот се случи овде меѓу тезгите, на среде бел ден кога новиот пазар во Битола е полн со купувачи и тезгаџии.

Граѓаните велат дека веќе не се чувствуваат сигурни

  • Никако не се чувствуваме безбедено, на среќа живееме, од денес за утре, можеше да загиниш во секој момент. Таман се разработи овој пазар, и кога ќе слушнеш вакви работи, непријатно е, велат купувачите на пазарот.

Битолската полиција информира дека против 42-годишниот напаѓач е поднесена кривична пријава за обид за убиство, а по предлог на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Емилија Мисирлиевски

https://youtu.be/d0aYx2fGDuE