Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куба ќе се брани во случај на напад од САД

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.

Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „се поапсурдни обвинувања“.

„САД се агресорот. Куба е земјата што е под напад и постапува во согласност со принципот на самоодбрана“, наведе тој.

Кубанската амбасада во Вашингтон и Министерството за надворешни работи во Хавана исто така порачаа дека земјата има право на самоодбрана, оценувајќи дека подготовките за можен напад неоправдано се претставуваат како закана.

Американскиот политички портал „Аксиос“ претходно објави дека Куба подготвува планови за евентуално распоредување дронови против американски цели во случај на криза.