Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куќен притвор за очната лекарка од Битола

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Обвинителството побара куќен притвор за 67 годишната очна докторка  од Клиничката болница во Битола, која вчера  беше уапсена на своето работно место под сомнение дека примила поткуп. Докторката, инаку познат битолски  офталмолог, според обвинителството, побарала подарок од 100 евра од жител на Ресен за да изврши операција за отстранување катаракта кај неговата сопруга,  интервенција која и  е дел од редовните работни обврски во оваа јавна здравствена установа. Сопругот случајот го пријавил во полиција веднаш откако  докторката  побарала пари.

„На 16 јули, докторката  го повикала пријавителот на Одделението за офталмологија во Клинилата болниц-Битола  за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите“, соопштија од ЈОРМ.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста. Се огласи и Лекарската комора, која  упати остра осуда на ваквите појави кои, како што велат, ја нарушуваат довербата меѓу пациентите и здравствените работници.

„Се работи за индивидуален чин кој не ја одразува посветеноста и професионалноста на најголемиот број лекари во нашата земја. Апелираме да се почитува начелото на презумпција на невиност, сè додека не се донесе правосилна судска одлука “, наведуваат од  Лекарската комора на РС Макеоднија

Министерството за здравство и Клиничката болница од Битола исто така изразија  осуда на секоја форма на корупција во здравството. Потврдија дека веќе е покрената дисциплинска постапка за суспензија на докторката. Ова е втор случај на поткуп во битолската болница во изминатите шест месеци. Во јануари, познат хирург беше фатен како прима 150 евра од роднина на пациент за операција на жолчно ќесе. По признавање на вината, тој беше условно осуден во март годинава.

Емилија Мисирлиевски