Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куќна помошничка фрлила стар душек „тежок“ 50.000 евра

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Жена од градот Монтебелуна, северна Италија, фрлила стар душек за кревет, полн со накит и пари, „тежок“ околу 50.000 евра, пишува весникот „Трибуна ди Тревизо“ (Tribuna di Treviso).

Сметајќи го дотраениот душек за тежок отпад кој само зафаќа многу простор, куќната помошничка го извадила од гаражата на сопственичката – постара жена, и го однела на градската депонија. Помошничката не знаела дека душекот е користен како складиште пари, накит и кредитни картички.

По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот веќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата.

Така, заедно со околните општински службеници стигнале до депонијата. Потрагата потоа траела дури еден час, a душекот е пронајден, а со него и недопреното богатство.