Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кулминира сообраќајниот хаос во Тетово, не само поради инфраструктурата, туку и некултурата

/

пред 1624 дена

Сподели преку :

Огромен број возила, двојни редови на зонско паркирање, нервозни возачи. Сообраќајниот хаос во Тетово кулминира особено за празничните денови и во летните месеци, со доаѓањето на печалбарите.

Овој регион е рекордер по брзо возење, фршат казни за погрешно паркирање, а доста често полицијата открива нерегистрирани возила.

Според командирот на Сообраќајната полиција, Зоранчо Талев, големиот број казни и санкции е резултат на некултурата на граѓаните, но и поради малата и тесна инфрастуктура.

 Јавниот превоз во градот требаше да придонесе за растоварување на сообраќајот, но сегашната локална власт го сопре уште во декември минатата година поради констатирани нерегуларности. Сега најавуваат дека автобусите ќе сообраќаат од следниот месец.

Во однос на паркирањето, пак, од Општината најавуваат регулирање на паркинзи и набавка на нови „пајак“ возила со цел да се стави поголем ред, а за изградба на катни гаражи, велат, треба повеќе време.

Данијела Билбилоска