Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Биг бендот на Здружението на џез музичари вечерва свири нумери од Френк Запа

/

пред 1767 дена

Сподели преку :

Во салата на Филхармонијата, вечерва концерт ќе одржи Биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници. На програмата се композиции од прочуениот американски авангарден музичар, композитор и текстописец Френк Запа, кои ќе бидат изведени во нови аранжмани. Нумерите на Запа, кој важи за бескомпромисен експериментарот, виртуоз и уметник кој не правел компромиси во  изразот, Биг бендот  на ЗЏМ ќе ги изведе под диригентската палка на австрискиот маестро Зиги Фајгл, кој работи како професор на Џез Академијата во Грац. Биг бендот на ЗЏМ со Фајгл настапи и на концертот со обработки од британскиот состав Рејдиохед.

ЗЏМ , повеќекратно се посвети на светските музички легенди  и со одржаните концерти, со музика од Битлси и Дон Менза.