Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Дојран се подготвува проект за иградба на праисториска населба

/

пред 1833 дена

Сподели преку :

Четири куќи, платформа и мостови предвидува проектот за изградба на наколна населба во Дојранското Езеро. Струмичкиот музеј го промовираше идејното решение на кое изминатите месеци работеа нивните архитекти. Александар Цицимов вели дека имало многу непознаници, но, ги проучувале традиционалните локални култури кои сочувале остатоци од градбите а, консултирале и литература со податоци како се градело во тоа време.

Години наназад струмичките археолози го истражуваа локалитетот кај дојранска Мрдаја. Наидуваа на интересни остатоци од градбите во таа праисториска населба како дрвени колци и други материјали.

Првата наколна населба се наоѓала токму кај Мрдаја, на најјужната точка на езерото. Датира од периодот на бронзеното и железното време. Беше откриена случајно, при чистењето на просторот од  воениот камп.

Сузана Мицева