Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драмски со „Мојот маж“ настапува на фестивалот Рута

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Драмскиот театар од Скопје ќе учествува на регионалниот фестивал „РУТА Група Триглав“, кој од 9 до 14 февруари се одржува во Љубљана. На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“, која според расказите од истоимената збирка на Румена Бужаровска ја постави Нела Витошевиќ.

Драмски театар е еден од шесте во мрежата која го сочинува регионален карактер на „ Рута Група Триглав“. Овде влегуваат и Београдско драмско позориште, Месно гледалишче од Љубљана, Камерниот театар 55 од Сараево, Градскиот театар од Подгорица и театарот Улисис од Загреб.