По повеќемесечни подготовки, започна со снимање новиот долгометражен игран филм на режисерот Даријан Пејовски, насловен “Мими“.
За целата екипа снимање филм во време на пандемија е вистински предизвик имајќи предвид дека филмската индустрија во изминативе месеци не само кај нас, туку и во светски рамки се соочи со застој и финансиски загуби.











