Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колективниот договор во културата ќе се применува од овој месец

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

На средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот за култура, беше договорено, членот од Колективниот договор, со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година, соопштуваат од Министерството за култура.
Колективниот договор за култура, е склучен на 30.12.2019 година.  Со членот 130  беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите  од членовите  65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година. Со тоа, платите во културата за месец јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор, потенцираат од Министерството за култура.

Примената на новиот Колективен договор во Културата од 1 јули, доаѓа по минатонеделните негодувања на уметниците и културните работници на социјалните мрежи, поради одлуката на Владата за одложувањето на примената, од крајот на 2020.

На нов Колективен договор, вработените во културата чекаа 15 години.