Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со „ Пејзажно искуство“ на Венециското биенале на уметноста

/

пред 1726 дена

Сподели преку :

Проектот „Пејзажно искуство“, на фотографот и снимател Роберт Јанкулоски, соработничката Моника Мотеска и Националната галерија на Македонија, е наш годинашен преставник на 59. Венециското биенале на уметноста, соопштија од Министерството за култура.

  • Проектот низ јукстапозиции поставува нови пејзажи, реални, а имагинативни, локални и национални, а сепак универзално препознатливи. Нивните сублимирани сцени, објекти, видеа и просторна инсталација го сугерираат односот тело-природа, човек-технологии, човекот како несовршено суштество и негова когнитивна симбиоза со останатиот жив свет и околина. Низ квалитетен материјал и портфолио, авторот и кураторката Ана Франговска го развиваат и докрај го објаснуваат проектот како соодветен одговор на темата на Биеналето ‘Млеко од соништата’“, велат во образложението од стручната комисија при Министерството за култура.
Фотографот и снимател Роберт Јанкулоски е професор на Факултетот за филмски уметноси на приватниот Универзитет ЕСРА, автор на над 30 изложби и речиси 20 години го истражува творештвото на браќата Манаки, од што произлегоа монографијата и документарецот „Манаки, приказна во слики“. Неговата сопруга Моника Мотеска е реномирана мултимедијална уметничка која се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација, а авторка е на над 20 изложби.

Проектот на Јанкуловски е избран меѓу петте пријавени на конкурсот на министерството. Еден од нив не се разгледувал откако подносителот доставил писмено известување дека го повлекува проектот од учество на конкурсот. Пријавените проекти се „Божествена пародија“, на Страхил Петровски (Музеј на Град Скопје), „Сите изгубени гласови“, на Филип Јовановски (Младински културен центар – Скопје) и „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ ( Музеј на современата уметност – Скопје), дополнуваат од Министерството за култура.

Венециското биенале на уметноста ќе се отвори на 23 април, а ќе трае до 27 ноември.