Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младинскиот културен центар ја откажа тековната и програмата на МОТ поради деновите на жалост

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Младинскиот културен центар ја откажа тековната и програмата на фестивалот „Млад отворен театар“,  во следниве три дена, поради прогласените денови на жалост во земјава, по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници на автобусот на „ Беса Транс“.

Од МКЦ велат дека јавноста дополнително ќе биде информирана за следните датуми, за одржување на настаните.

Музејот на Град Скопје го откажа вечерашното отворање на изложбата на Жарко Јакимовски, кое требаше да се одржи во 19 часот. А, Театарот Комедија ја откажа изведбата на мјузиклот „ Боливуд“, планирана за утре вечер (24.11.)