Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независната сцена бара од партиите услови за градење слободна култура без поделби

/

пред 2274 дена

Сподели преку :

Под мотото „ Слободна култура за слободно општество“, поширокиот граѓански сектор во културата, составен од асоцијации, иницијативи, платформи, организации и поединци, бара подршка од партиите, за, како што се вели во соопштението, да покажат дека оваа дејност треба да биде еден од клучните столбови во демократизацијата и европеизацијата на општеството. 

Од независната културна сцена бараат од партиите создавање услови за современа, жива и слободна култура, која нема да создава поделби, да поттикнува нетрпеливост или пак дискриминација, по која било основа. До партиите упатија повеќе барања, кои очекуваат да се реализираат по парламентарните избори , на 15 Јули.

  • Гласање на Законот за Јавен интерес во културата во Собранието, спроведување  на Националната стратегија за развој на културата, за периодот 2018-2022 година, со план за развој на драмската, музичката, танцовата,  меѓународната и други дејности. Формирање фондација за подршка на вонинституционалната културна сцена по примерот таа во Хрватска, формирање нови институции според јавно – приватно партнерство во Скопје и други општини во земајава. Ревитализација на напуштени објекти во нови простори за работа, формирање Институт за култура и културни политики, кој ќе се бави со истражувања и подршка на уметничката сцена и трансформација на кадровските политики што ќе овозможи непартиски вработувања , туку првенствено професионални кадри во институциите од културата, како и децентрализација и департизација на Министерството за култура.

    Зад овие барања  до партиите во земајава, застанаа, иницијативата „ Култура е насловна страна на секое општество“, Асоцијацијата на независната културна сцена „ Јадро“, Културно -социјалниот простор „ Центар- Јадро“, „ Кино Култура“, „ Локомотива“, Здружението за афирмација на театарот „ Пресврт“ и 3Г за промоција на женската активност „ Тиииик!Инк“-Скопје