Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавено документарно видео по повод 100 години од раѓањето на Конески

/

пред 1749 дена

Сподели преку :

По повод 100-годишнината од раѓањето на поетот, филолог, кодификатор на современиот македонски јазик и прв претседател на МАНУ и на ДПМ, Блаже Конески, што се навршува денеска (19.12.2021год.), Министерството за култура објави документарно видео. Тоа го следи животот, творештвото и постигнувањата на Конески , важни за него како автор, но и за развојот на современата македонска литературна мисла.

Во видеото за Конески зборува истакнатиот македонист Виктор Фридман.

УНЕСКО меѓу најзначајните датуми од оваа година , го помести и датумот на раѓањето на Блаже Конески, а 100 годишнината од раѓањето, со бројни содржини се одбележува во земјава и во седиштето на УНЕСКО.

Подолу е линкот од видеото, насловено „ Песните ги берев од дрвото на животот“.