Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оперски концерт во НОБ по повод празникот Василица

/

пред 1727 дена

Сподели преку :

„VIVA L’OPERA!“, е насловoт на традиционалниот гала концерт што по повод празникот Василица, ќе се одржи в среда и четврток (12 и 13 јануари), во Националната опера и балет.

Ќе бидат изведени арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман и Лехар.А, ќе настапат сопраните Весна Ѓиновска – Илкова , Сандра Митровска и Наде Талевска , тенорот Ѓорѓи Цуцковски , баритонот Марјан Јованоски  и басот Александар Стефаноски.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев. Дизајнот на светлото е на Нино Митевски, концерт мајстор е Климент Тодороски, а хор мајстор- Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот ќе настапат и хорот и оркестарот на НОБ.