Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиер на претставата „Вишновата градина“ на сцената на Турскиот театар

/

пред 1827 дена

Сподели преку :

На сцената на Турскиот театар премиерно беше изведена претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин.„Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата. Се одлучив за Чехов затоа што се појасно е дека Чехов е наш современик вели режисерот Милчин.

  • За жал  човештвото многу полесно гази по идеалите и по вредностите, одколку што ги создава и очигледно е дека моќта е опсесивна без оглед дали е тоа моќ кога си на власт или со полни џебови со пари или во банки во странство итн. Алчноста изгледа е заедничка на политичките моќници и богатите луѓе и кога тие ќе се сојузат тогаш тоа личи на една експлозивна смеша чија жртва се луѓето и природата во светот во која луѓето живеат- Владимир Милчин, режисер.