Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уметничките совети да се грижат за визиите на националните установи од културата

/

пред 2172 дена

Сподели преку :

Уметничките совети да водат грижа за визиите на националните установи од културата. Ова е заложбата на министерката за култура Ирена Стефоска, искажана на денешната средба со медиумите.Целта е Уметничките совети да добијат поголем ангажман, согласно новиот предлог Закон за јавен интерес во културата, за да пред нив се бранат проектите од програмите на националните установи, со цел реализација на издржани и квалитетни проекти. Затоа, како што рече министерката Стефоска , се прават напори предлог Законот за јавен интерес во културата, кој од јануари е во собраниска процедура, до крајот на 2020 да биде усвоен.

Иако нациналните установи од културата имаа првичен рок до крајот на август да ги испратат до Министерството за култура, предлог проектите за работа во 2021 година, за нив конкурсот трае низ цела година, така што можни се евентуални измени и дополнувања. А, Годишните конкурси за проекти од национален интерес по дејности и области, кои беа објавени на почетокот на овој месец,  ќе траат до 12 ноември. Неделава започнува и формирањето на 7 комисии кои ќе ги разгледат пристигнатите апликациии, а со одлуките, се обврзани да излезат најдоцна 30 дена по усвојувањето на буџетот за следнава (2021) година.

Министерката за култура рече дека резултатите од годишните конкурси ќе бидат објавени целосно, а не како годинава , кога Министерството за култура не ги објави одобрените проекти на националните установи, туку тие земаа обврска да ги стават на нивните веб страници.

На Годишните конкурси по дејности и области , правните и физичките лица може да конкурираат само со проекти во две области, утврдени во општите информации од  Годишните конкурси.Овој услов не се однесува на физички лица до 35- годишна возраст кои се навработени.

Во обрасците на пријавите по дејности и области од културата, кои се дел од Годишните конкурси, е утврден максималниот број проекти, што ќе бидат прифатени за физичките и за правните лица.