Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фејми Даут: Споредбата за почитувањето на заштитните мерки против Ковид -19 во Вухан и кај нас е како црно и бело

/

пред 2266 дена

Сподели преку :

Разликата околу почитувањето на заштитните мерки против корона вирусот во Вухан и кај нас е како црно и бело, вели снимателот Фејми Даут, кој како дел од меѓународна екипа, со режисерот- оскаровец, Малколм Кларк, снимаше документарен филм во главниот град на кинеската провинција Хубеј, од каде започна пандемијата со Ковид- 19.  Даут,  кој за документарецот „ Медена земја“, со снимателот Самир Љума освоија награди од Американското здужение на кинематографери и за инсклучителни достигнувања во кинематографијата, апелира нашите граѓани да ги почитуваат заштитните мерки против корона вирусот зашто, како што потенцира, болеста може да биде смртоносна и дека не секогаш се лечи со парацетамол. Тој во Вухан снимаше документарен филм, кој зборува за влијанието на епидемијата врз животот во градот.

Сотир Трајков