Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓокица Лукаревски освои награда за животно дело на фестивалот „ Гола месечина“

/

пред 2190 дена

Сподели преку :

Се пензионира со дуо драмата „ Партија реми“ , во 2018 година, што ја постави Виолета Џолева, но  не ја напушти театарската уметност и денес. Доајенот на Драмскиот театар и на македонското глумиште воопшто, Ѓокица Лукаревски, е годинашен  добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“, што ја доделува Фестивалот на комедија „ Гола месечина“.

Лукаревски ја одигра „ Партија реми“, на втората вечер на фестивалот. Како и пред 2 години, кога со ова остварување одбележа 40 години активност на сцена, така и сега Лукаревски низ улогата на старецот кој им пркоси на годините и положбата во која се наоѓа, докажа дека е актер на кој македонскиот театар сеуште може да смета.

Остварил бројни улоги во театарот, филмот и на телевизија, како и во радио емисијата „ Хихирику“, давајќи им личен печат. А, меѓу најзначајните негови признанија се главната актерска награда на Интернационалниот театарски фестивал на детски претстави во Котор- Црна Гора и наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“, што се доделува на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.
„Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во „Пресуда“, „Македонски народни приказни“, „Хихирику“ итн., објавија организаторите на фестивалот.