Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анеке Брасинга добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026

/

пред 199 дена

Сподели преку :

Со својот оригинален поетски глас, со јазичната храброст и со длабочината на поетската мисла, Брасинга се вбројува меѓу најзначајните современи поети на холандската литература и меѓу највлијателните европски поетски гласови на нашето време. Делото на Анеке Брасинга, кое е преведено на повеќе светски јазици  ја проширува можноста на поетскиот јазик и ја потврдува поезијата како простор на слобода, имагинација и духовно истражување, забележа Советот на Струшките вечери на поезијата во своето образложение.

„Поезијата на Анеке Брасинга се одликува со исклучителна јазична инвентивност, богата метафоричност и силна имагинативна енергија. Нејзиниот поетски јазик е густ, барокно разигран и исполнет со неочекувани зборовни споеви со суптилна иронија и создаваат уникатна поетска атмосфера“, рече Никола Кукунеш, в.д директор на Струшки вечери на поезијата.

„Преведувањето како суштински дел од нејзиниот творечки опус, дополнително ја продлабочува оваа отвореност кон други јазиции и традиции, правејќи ја нејзината поезија место на постојана културна размена. Кај Анеке Брасинга пишувањето и преведувањето се неразделно поврзани и произлегуваат од ист, длабок речиси телесен однос кон јазикот“, изјави Мите Стефоски, уметнички директор на Струшки вечери на поезијата.

„Поезијата на Анеке ја поседува онаа ретка способност да направи малото големо, а големото блиско и човечно. Таа е авторка која што знае дека еден единствен збор, поставен во вистинска мера и тишина околу него, може да ја промени не само реченицата, туку и начинот на кој читателот го доживува светот“,  рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Низ своето поетско творештво и низ значајната преведувачка работа, Брасинга воспоставува жив дијалог со европската и светската книжевна традиција, збогатувајќи го современиот поетски јазик.

Нина Стефанова