Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

/

пред 1231 дена

Сподели преку :

Ве известуваме дека на 26 мај со почетокот во 17 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи дебата за преводот во која ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка ЕленаАлексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ. Разговорот е во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ што на 25 и 26 мај се одржува во Куманово. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски.

Во рамки на настанот писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела одблиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на фестивалот е во рамки на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.