Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фестивалот РУТА започнува вечерва во Драмски театар со изведба на „ Хеда Габлер“, во продукција на домаќините

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Драмскиот театар од Скопје, од вечерва до 20 октомври ќе биде домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театари- РУТА. На ова издание, на кое Драмски е домаќин по трет пат, гостуваат претстави од Местно гледалишче од Словенија, театрите Улисис и Егзит од Хрватска ќе настапат со заеднички проект , а доаѓаат и Камерниот театар 55 од Сараево , Градскиот театар од Подгорица и Белградскиот драмски театар. Најголемиот дел од претставите што се играат ревијално, за кои што ќе има тркалезни маси, за тема ги имаат деликатните меѓучовечки односи од различни причини, што се развиваат денес, во рамките на семејството или било која друга заедница или врска. Во тој контекст, е и претставата на домаќините „ Хеда Габлер“, која што ја доловува психологијата на една злоставена жена, со која ќе започне фестивалот РУТА.