Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филип Јовановски- коавтор на проект за модернизмот во архитектурата, чија премиера се одржува во Нови Сад

/

пред 1491 дена

Сподели преку :

Денеска со почеток од 19 часот во Нови Сад,  премиерно ќе биде изведен просторно изведувачкиот проект – „Штампање заеднички простор“.  Реализацијата доаѓа по едногодишно заедничко истражување на модернистички згради во три различни градови – Скопје, Нови Сад и Риека, заедно со студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје,  Архитектонски факултет – Скопје, Отсекот за уметност и дизајн на техничкиот факултет во Нови Сад и академијата за применета уметност од Риека, во партнерство со Факултет за работи што не се учат – Скопје.
Проектот е дел од COLLAB, програмска линија на Биеналето на сценски дизајн, во чии рамки се продуцираат нови содржини, во соработка со други колективи и институции. Годинашново Биенале за сценски дизајн е дел од „Калеидоскопот на културата“ и годишната програма на Нови Сад – Европска престолнина на културата.
Авторскиот концепт на проектот „Штампање заеднички простор“ е развиен од страна на Филип Јовановски (визуелен уметник), Сашка Пештерац (архитектка, Нови Сад), Лара Бадурина (визуелна уметница, Риека) и Луна Шаломон (дизајнерка на простор, изведувачка, Нови Сад).
Првата премиерна изведба на проектот „ Штампање заеднички простор“ , беше одржана вчера вечер.