Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба и концерт на отворањето на 46.„Скопско лето“

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Традиционално, на 21 јуни – Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, ќе започне годинашново 46 издание на најголемиот летен фестивал во главниот град „ Скопско лето“. На отворањето ќе се одржат два настани.

Во 19 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „ Зона фобија“ на скулпторот Томе Аџиевски. Изложбата е инспирирана од култниот филм „ Сталкер“ на Андреј Тарковски.

А, во 20 и 30 часот во големата сала на Македонската филхармонија, концерт ќе одржи професионалниот Симфониски оркестар на Академијата за музичка уметност „ Панчо Владигеров“ од Софија. На концертот ќе диригираат, од Македонија -Ана Спасовска, а од Бугарија- Николај Хилендаров. Ќе настапат солисти од двете земји: Јана Кевска на флејта, Марија Магдалена-Жељаскова на флејта, Сања Јовиќ- Ѓорѓевиќ на виолина, Тодор Иванов на чело, Искра Атанасова-Митуш на пијано и Николај Маринов на пијано. Концертот веќе ја имаше својата премиера во Бугарија.

„ Скопско лето“ ќе трае до 31 јули. Програмата опфаќа повеќе од 30 настани од класичната музика, театарот, литературата, визуелните уметности и др.
Фестивалот ќе го затвори камерниот оркестар „ Саша Николовски- Џумар“, на Музичката младина на Македонија. Тој на 30 јули во Сули ан ќе ги изведе композициите „ Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и од Астор Пиацола. Ќе диригира маестро Иван Еминовиќ.

.