Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јордан Симонов лауреат на 31. МФКТ „ Ристо Шишков“

/

пред 1119 дена

Сподели преку :

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Дарја Ризова, претседател, Мими Таневска и Иван Додовски, членови, едногласно ја доделија престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, на актерот Јордан Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, информираа од МНТ.
–   Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината, се вели во образложението на жири комисијата.
Симонов е уште еден во низата актери од ансамблот на Македонскиот народен театар што ја пишува историјата на овој престижен фестивал. Тој идната година ќе биде претседател на жири комисијата на МФКТ „ Ристо Шишков“.