Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марија Павловска наградена за уметник на 2025 година од италијанската фондација „Уметнички ефект“

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Одборот на Фондацијата Уметнички ефект“ од Фиренца, ја награди нашата визуелна уметница  Марија Павловска со престижната меѓународна награда „ Уметник за 2025 година“. Наградата е за уметници кои покажале значителна вредност и уметнички заслуги и кои творат, инспирирани од историското наследство , поместувајќи ги границите на модерниот визуелен израз.  Церемонијата на врачувањето се одржа во Палацо Пучи, во Фиренца, во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста. Наградената сликарка Павловска, која живее на релација САД-Македонија , примајќи го признанието се заблагодари за укажаните можности да патува по светот, да креира и да ја претставува својата уметност.

  • Многу ѝ благодарам на Фондацијата што ја добив оваа чест и признание на меѓународно ниво. Јас сум уметник со 25 годишна кариера. Многу сум благодарна на Министерството за култура на Македонија, преку чии програми имав можност да аплицирам и да ја претставам мојата работа во Европа и САД, конкретно во Њујорк, каде што сум активна повеќе од една деценија, а од неодамна сум активена и на азискиот пазар. Благодарност и до Центарот за современа уметност „ Мана Контемпорари“, до Фондацијата Ајлин Камински и поддршката од Фондацијата Керол Фоерман, од САД, рече Марија Павловска при врачувањето нанаградата.

А, уметничкиот директор на Фондацијата „ Уметнички ефект“, Сандро Серадифалко кажа дека одржувањето на настанот во Фиренца, му изразува почит и на градот за неговиот белег на светската уметничка сцена.

  • Така, наградата за уметник на годината за 2025 година станува повеќе од признание. Таа е прослава на уметноста како универзален јазик, што ги надминува времето и просторот, премостувајќи култури и генерации во заедничка потрага по убавина и значење, кажа Сандро Серадифалко, уметнички директор на Фондацијата „ Уметнички ефект“.

Дополнително, наградата на Павловска се однесува и за нејзината вклученост во проектот „ Уметниците да собираат“, чија цел е запознавање на големите колекционери со нови таленти во кои може да се инвестира.

Уметноста на Павловска е карактеристична по црно – белите слики, со специфичен експресивен стил, кој што е единствен, како во регионот, така и во меѓународни рамки. Павловска до сега реализирала 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни презентации. А, лани се претстави во  AP Space галеријата во Челзи. Нејзиното студио, каде работи од 2012 година , е во центарот за современа уметност  „ Mana Contemporary “, во Њујорк.

Покрај Павловска, на настанот беа наградени и други уметници од целиот свет, кои творат во различни медиуми.

Сотир Трајков