Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националниот џез оркестар за старт на „Гевгелија- град на културата“

/

пред 542 дена

Сподели преку :

Со концерт на Националниот џез оркестар вечерва ќе започне манифестацијата „Гевгелија- град на култура за 2025 година“. Концертот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток во 19 и 30 часот.

Националниот џез оркестар ќе настапи под диригентство на Џијан Емин, а на програмата се незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена.

Мелодиите што ќе бидат изведени се со нов, уникатен звук, преку специјално направени аранжмани за изведба со биг-бенд состав. А, како солисти ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.

 

Ad