Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина ликовниот уметник Јован Балов

/

пред 1453 дена

Сподели преку :

На 60 годишна возраст почина нашиот ликовен уметник Јован Балов, кој живееше и работеше во Берлин- Германија, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Во уметничката кариера долга 40 години, Балов реализирал изложби во  Македонија , но и во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во други земји.

Балов беше заслужен за афирмацијата на многу наши уметници во Германија. Од 2004 година наваму, во галеријата „Прима центар“, во Берлин по  негова заслуга беа реализирани голем број изложби на наши и на странски автори. За неговиот ангажман  во 2007 година  во Атина беше прогласен за херој на балканската култура.