Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Родољуб Анастасов доајенот на современото македонско сликарство

/

пред 181 дена

Сподели преку :

На 91 година почина Родољуб Анастасов доајенот на современото македонско сликарство, соопштија од Фондацијата што го носи неговото име. Анастасов твореше во обид да одговори на прашања за човекот, времето и просторот и тоа што е помеѓу. Дипломирал 1962 година на Академијата во Белград, а од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток, поради несогласување со однсот на тогашната власт кон апстрактната уметност, а по враќањето работел нефигуративно сликарство. Предавал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје од 1980 до 2000 година. Во 2009 година Американскиот биографски институт го прогласи за еден од 500 генијалци на 21 век. А, во 2011 тој му подари 389 дела на Музејот на Град Скопје, кои што денес се наоѓаат во тамошната галерија” Јустина и Родољуб Анастасов” . Тој ќе биде погребан утре – 6 април во 10 часот на гробиштата во Бутел.