Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word документ на мејлот [email protected] најдоцна до 14 март.

Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 17 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации, а настанот ќе се одржи во Скопје Сити Мол на 23 март, со почеток од 18:00 часот.