Годинашново издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, свечено ќе биде отворено утре вечер со концерт на камерниот оркестар „ Ба- Рок“, во 20 и 30 часот, во фоајето на Националната опера и балет.
На концертот ќе бидат изведени дела од Хендел, Вивалди и Рамеу.
Камерниот оркестар „БА- РОК“ својот прв настап го имаше на „ Мајските оперски вечери “, минатата година. во продукција на Национална Опера и Балет
Во оркестарот членуваат: Климент Тодоровски и Јане Бакевски- виолини, Марија Георгиева –виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – флејта или пиколо, Татјана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот и Теодор Теодосиевски – ударалки. А, солисти се: Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист во оркестарот е Иван Еминовиќ.
Режисер на концертот е Љупка Јакимовска.











