Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва македонска премиера на претставата „Без крв“ на 49. МОТ

/

пред 684 дена

Сподели преку :

По настапот на фестивалот „ Театарот на крстопат“, во септември во Пловдив- Бугарија, на сцената на Албанскиот театар од Скопје, а во рамките на годинашниот Интернационален театарски фестивал „ Млад отворен театар“, вечерва ќе се одржи македонската премиера на претставата „ Без крв“. Се работи за копродукција меѓу Драмскиот театар од Пловдив и театарот „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот “ од Велес. Претставата е реализирана како дел од двегодишниот меѓународен проект „ Манифест“, во кој беа вклучени двата театри. По истоимената новела на Алесандро Барико, претставата ја постави водечката бугарска режисерка Диана Добрева, според адаптацијата на Александар Соколов, исто така од Бугарија. Во авторскиот и изведувачкиот тим се вклучени уметници од Македонија и Бугарија.  „ Без крв“ следната година ќе биде изведена на фестивалот „ МИТЕМ“ во Будимпешта.

  • Покажавме дека можеме заедно со нашите колеги од Република Бугарија да работиме, да создаваме и да ги надминуваме сите препреки кои некои други тела ни ги претставуваат. И да покажеме дека јазикот на уметноста, јазикот на театарот, јазикот на длабокото човечко разбирање може да не направи секогаш подобри луѓе, рече Сашо Димоски, драматург во Велешкиот театар.
  • Оваа претстава има само еден центар, а тоа е дека само љубовта може да ги затвори раните. Не само простувањето. Тоа е мал дел од љубовта. Тоа е почетната точка од љубовта затоа што е пасивно, кажа Александар Секулов, автор на драмската адаптација .
  • Од актерски аспект беше многу провокативно , како таа голема сторија , со тие неколку одбрани критични места да се одигра во релативно кратко, многу компримирано театарско време. Ако ги погледнете партитурите , тоа се луѓе кои раскажуваат, така што мене и на Маргита ни беше од старт јасно дека на нас зборовите овде нема многу да ни помогнат . Туку ќе ни помогнат некои други референтни точки на ликовите , кои треба да ги најдеме, рече Васил Зафирчев, актер од театарот од Велес.