Во галеријата на НЛБ Банка вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата во спомен на словенечко-босанскиот архитект Душан Грабријан.
– Со своето дело „Македонска куќа или прошетка од старата ориентална до современата европска куќа“, Грабријан ги постави основите за проучување на традиционалната македонска архитектура, се вели во најавата од Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Душан Грабријан (1899-1952) беше истакнат архитект, теоретичар на архитектурата и професор, кој преку својата работа многу влијаеше за ширењето на тенденциите на модерната и современа архитектура. Тој е особено заслужен за обликувањето на јавните простори во Сараево, каде помина дел од животот.
Изложбата е во организација на Амбасадата на Република Словенија, студиото КОНТРА и НЛБ Банка.











