Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Британија

/

пред 837 дена

Сподели преку :

Британската Лабуристичка партија ќе забележи рекордна победа на изборите во Британија, објави агенцијата за испитување на јавното мислење „Срвејшн“.

Според анкетата, лабуристите на Кир Стармер ќе освојат 484 од 650 места во британскиот Парламент, многу повеќе од 418-те што ги освои поранешниот лидер на партијата Тони Блер по неговата победа во 1997 година, пренесуваат британските меидуми.

Агенцијата предвидува дека конзервативците, кои беа на власт во изминатите 14 години, ќе освојат само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година, додека десничарската Реформска партија на Британија ќе освои само седум места.

Националните избори во земјата се најавени за 4ти јули.