Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваната

/

пред 1364 дена

Сподели преку :

Економијата на еврозоната оваа година ќе функционира „многу подобро“ отколку што првично се стравуваше, смета шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Според неа вестите кои пристигнуваат изминатите недели се многу попозитивни, реториката од разговори за рецесија се префрли на „мало намалување“.

Некои големи земји како Германија можеби целосно ќе ја избегнат и покрај напнатата ситуација со енергетската криза.

Таа на економскиот форум во Давос истакна дека ЕЦБ очекува раст од 0,5 отсто во еврозоната во 2023 година што пак значи дека тоа нема да биде одлична година но како што рече ќе биде многу подобра од она што се очекувало.

Внимателниот оптимизам доаѓа откако високите цени на енергијата, кои се зголемија минатата година поради војната во Украина, почнаа да паѓаат.

На ова помогна и благата зима, што го ублажи стравот од недостиг на гас. Пониските трошоци за енергија придонесоа за падот на инфлацијата во еврозоната, која во октомври го достигна врвот од 10,6 отсто.