Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лансирана дигиталната база на податоци „Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Дигиталната база  која ја изработи Македонскиот  Национален  комитет на ИКОМОС, во  партнерство  со  МАРХ – Македонска архитектураќе овозможи препознавање, истражување за поефикасна конзервација и јавно информирање за македонското модернистичко наследство, како и подигнување на свеста за неговото значење.

Станбената зграда на Ристе Секулиќ,  куќата на Зденка Буста, Кино „Братство“ и Кралската болница во Демир Капија се само дел од 106 те објекти впишани во дигиталната база на податоци „Мониторинг на македонското модернистичко наследство, со висока културна и историска вредност.  Вредно сведоштво за урбаниот развој на градовите во Македонија и улогата на архитектите во тој период. Целиот проект за оваа база на податоци се реализира во периодот од 2024 та до 2025 та година со фокус на развојот на македонската модернистичка архитектура во  периодот помеѓу двете светски војни. Во која мера се почитуваат препораките за нивна зашта ?

„Да, тие дефинитивно се почитуваат додека се работи за објект кој е од  културно наследство и е заштитен. Но, како што кажав овој период во Македонија не е доволно истражен и од таму дојде потребата да се документираат овие објекти бидејќи не се на листата на заштитени добра и можат во секој момент да исчезнат. Неколку од нив се заштитени можам да кажам како Собранието на Република Македонија, Градската болница во Скопје и ред други објекти, но повеќето не се заштитени и не припаѓаат под никакви мерки за заштита“ изјави Мартин Ефремовски, проектен менаџер на дигиталната база.

Според Ефремовски голем дел објекти се во релативно добра состојба со оглед дека се сто години стари, некои се реновирани некои се доградувани. Во многу случаи неблагодарно е да се прави споредба на кое ниво е грижата за културното наследство во светски рамки и кај нас, сепак вредно е да се дадат некои примери , вели Ефремовски, кој во моментов е визитинг професор на Меѓународниот центар за конзервација „Рејмонд Лемер“ во Лувен, Белгија.  Во исто време работи и како архитект реставратор.

„Би рекол дека најголемата разлика е ако можам така да кажам во Белгија се еден чекор понапред во препознавањето на вредноста на модерната архитектура. Во Македонија сега во моментов во зачетокот морам да ги споменам моите колеги на Архитектонскиот факултет, професорите кои во изминативе 20 години неуморно работат но најмногу во документацијата и промоцијата на пост-земјотресната архитектура во Македонија или главно во Скопје која се развива. Во западните земји модерната архитектура е препознаена како важна културна нишка во самиот идентитет на државата“ вели Мартин Ефремовски, проектен менаџер на дигиталната база.

Се надевам дека во Македонија ќе се подигне свеста за важноста на модерната архитектура, за естетските и емотивни вредности кои таа ги има и грижа за истата со почитување на сите препораки кои се дадени во дигиталната база на податоци, вели Ефремовски.

Нина Стефанова