Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лапид го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради нападот на Хамас врз Израел

/

пред 913 дена

Сподели преку :

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради што не успеа да го спречи нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Повикот на Лапид уследи откако директорот на военото разузнавање Ахарон Халива поднесе оставка поради што не го спречил напад на Хамас.

Лапид на Икс ја поздрави одлуката на Халива како „оправдана и почитувана“ и истакна дека „премиерот Нетанјаху би требало да го стори истото“.

Халива во својата оставка повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

Тоа е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност.